Home INFO Како лакот за нокти да ви трае подолго

Како лакот за нокти да ви трае подолго

реклама:Велигден со Стаф

Негуваните нокти се еден од главните адути на женската убавина.

Доколку наместо во козметички салон, преферирате ноктите да ги лакирате сами, тогаш најголем проблем сигурно ви е долготрајноста.

Дури и скапите лакови имаат еден недостаток – траат кратко на ноктите и веќе по неколку дена почнуваат да се лупат. Еве неколку многу едноставни трикови кои ќе ви лакот за нокти да биде подолготраен.

Пред нанесување на лак секогаш треба да ги исчистите ноктите со ацетон кој го отстранува лакот, дури и ако немате налакирани нокти пред тоа. Имено, ноктите имаат своја природна маснотија која ги штити, а таа маснотија го скусува векот на траење на лакот на ноктите, па пред лакирање треба да се отстрани.

Лакот за нокти подобро ќе се аплицира доколку прво нанесете темелен лак за нокти. Темелните лакови не се скапи и се добар избор бидејќи ги пополнуваат празнините на ноктите и лакот го прават поотпорен со што му се продолжува векот на траење на ноктите и до неколку дена.

Ладниот воздух го згуснува лакот, додека топлината го прави редок. Поради тоа лакирајте ги ноктите што подалеку од радијатор. Лакот подобро ќе се фиксира за ноктот или базата ако го нанесете на студено место. Добро е пред користење на лакот тој да се стави во фрижидер еден час, бидејќи така полесно се нанесува.

Кај потемните нијанси на лакови за нокти полесно се забележува секоја гребаница на ноктите, па подобро бирајте посветли нијанси. Исто така, познато е дека лаковите кои во себе содржат светликави точки или ситни зрнца подолго траат, но и изгледаат многу гламурозно. Единствен недостаток им е што многу потешко се бришат, но понекогаш се исплати ако сакате лакот да ви трае што подолго.

Откако ќе ги налакирате ноктите, бидете мирни и не правете ништо со рацете барем 20 минути. Гледајте телевизија или едноставно мирно седете. Откако лакот ќе се исуши, ставете ги ноктите под млаз на студена вода, бидејќи со тоа се забрзува зацврстувањето на лакот, а вашите нокти ќе бидат поотпорни на гребаници.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------