Home INFO Како настанала култната кукла Барби?

Како настанала култната кукла Барби?

реклама:

Култната кукла кукла Барби своето име го добива по вистинска личност.

Тааа е изум на Рут Хендлер, која била ко-основач на компанијата за играчки „Mattel“.

Рут името на куклата и го дала по својата ќерка Барбара.

Госпоѓа Хендлер забележала дека нејзината ќерка Барбара си игра со нејзините кукли направени од хартија и забележала дека таа ги третира како да се возрасни девојки.

Дотогаш не постоела кукла која изгледала повозрасно, најчесто куклите во тоа време биле бебиња, па таа ја добила идејата да создаде токму таква играчка.

Таа ја претставила идејата пред компанијата, но одборот сметал дека нема да постои интерес на пазарот за таков продукт и била одбиена со образложение дека ниту една мајка нема да купи за свото дете кукла со гради.

Во 1956 година Рут заминала на патување во Германија. На прошетката со нејзините деца Барбара и Кенет, на еден излог здогледала кукла која наликувала на идејата која таа ја имала во глава.

Станува збор за кукла позната под името „Bild Lilli Doll“, направена според лик од стрипот „Die Bild-Zeitung“.

Оваа кукла не изгледала како бебе, туку токму како минијатурна верзија од возрасен човек.

Ликот од стрипот всушност претставувала амбициозна девојка од работничка класа која целела кон она што го сака.

Таа веднаш купила три кукли и ги понела со себе во САД. Дома таа му ги покажала играчките на нејзиниот сопруг и на инженерот Џек Рајан.

Тие заедно ја направиле новата кукла по име Барби.

Првата Барби била претставена на саем за играчки во Њујорк а била облечена во костим за капење со црно-бели пруги.

Достапна била со руса и кафена коса, собрана во опавче.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------