
Од утрово почна бојкотот на маркетите и другите трговски синџири поради високите цени.
Овој потег следи по примерот на Хрватска и други земји од регионот, каде слични акции се организирани поради неприфатливото зголемување на цените.
Еден од многуте примери за неразумно високи цени на продуктите кај нас се и средствата за перење и одржување хигиена.
Во Скопје, пакет од 58 таблети од брендот Ariel чини 1337 денари, додека во соседна Грција, истиот производ (со само 4 таблети помалку ) се продава за 13.99 евра, што е околу 860 денари.

Разликата во цените станува уште посилно изразена кога ќе се земе во предвид и економскиот стандард.
Просечната плата во Македонија е околу 30,000 денари, додека во Грција просечната плата е над 1,300 евра (околу 80,000 денари).
Се надеваме дека јавниот притисок и бојкотите ќе ги натераат маркетите и надлежните институции да ги променат политиките и да понудат подобри услови за потрошувачите.
Време е за промена која ќе ги стави интересите на потрошувачите на прво место и ќе обезбеди услови за пофер и посоцијално одговорно општество.“





