Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Карлеуша повторно предизвика бура реакции по нејзиното последно интервју а го поткачи...

Карлеуша повторно предизвика бура реакции по нејзиното последно интервју а го поткачи и бившиот Душко

реклама:

Балканските портали пренесуваат дел од интервјуто на Јелена Карлеуша во кое таа говори за сите предизвици во животот од новиот проект и албум до разводот со душко и загубата на нејзината мајка.

Еве дел од нејзините одговори кои повторно предизвикаа интерес кај некјзините фанови.

„Ако мислиш на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. А, ако мислите на Душко, тој со сите сили се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа. А, ако мислите на линчот што го доживувам одвреме навреме од јавноста, на тоа гледам како голема мотивација и инает. Затоа во албумот ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите. Сето тоа што го набројав ме направи посилна“, рече Карлеуша.

Албумот „Омега“ ја содржи баладата „Ја“, за која Јелена сама го напишала текстот. Рече дека преку неа ја избркала целата болка.

„Во мојот живот отсекогаш имало многу болки. Тоа што сум силна жена за јавноста не значи дека ударите не ме повредуваат. Во животот и во љубовта знам да страдам ѝ да стиснам заби, па јавноста мисли дека е нормално да напаѓам, линчувам, изложувам на притисоци, дека ми се кршат човековите и женските права. Малкумина ме доживуваат како нежна сопруга и мајка, јас сум повеќе како вонземјанин во нашето општество. За жал, животот толку ме зајакна со удари, толку се борев и приватно и професионално што не знам за поинаков начин на функционирање, освен клинч и борба“, рече Карлеуша

„Посакувам мојот живот досега да не беше толку стресен и болен, но тоа е мојата карма. Некој би бил претепан од сето ова, но јас избрав да не се предадам. Имам само еден живот и не сакам да бидам жртва, имам ќерки, сакам да им бидам пример како жена која е силна и која се бори и победува, која не се откажува и не сака да прифаќа пораз. Како во песната, кога овој град и ова општество ме удри, го вртам другиот образ за да покажам дека ништо не можам и дека солзите ги претворам во дијаманти кои никогаш не го губат својот сјајот. Песната „Ја“ има силни автобиографски моменти. Слушајте ја внимателно“, рече Карлеуша.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------