Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Карлеуша трогната се прости од младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ кој...

Карлеуша трогната се прости од младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ кој погина

реклама:Велигден со Стаф

Сите балканки медиуми ја пренесоа информацијата за трагичната смрт на Немања Вуковиќ кој пред 4 години беше дел од музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој во понеделникот го загубил животот во сообраќајна несреќа кога на автопат бил удрен од автобус.

Пограј голем дел од неговите колеги со проштална порака на својот инстаграм се јави и Јелена Карлеуша која воедно му беше и менторка во натпреварот на ова младо момче.

Таа напиша:
– Со голема тага го пишувам ова. Почина Немања, мојот кандидат во „Ѕвезде Гранда“. Неверојатно талентиран, културен, убав, млад. Во ова видео имаше 18 години. Го избрав затоа што во него почувствував голем потенцијал. Верував во него. Длабоко сочувствувам со болката на неговото семејство и упатувам сочувство. Нека Универзумот ви даде сила да поднесете таква загуба. Почивај во мир Немања, а знам дека енергијата не може да умре, само ја менува формата и продолжува понатаму – напиша Јелена Карлеуша во објава на Инстаграм.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------