АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан не можеше да ги задржи солзите додека разговараше со својот поранешен сопруг Канје Вест во трејлерот за документарецот „Во чие име?“, кој открива непознати детали од животот на контроверзниот рапер.

Во емотивната сцена, Ким му порача дека повеќе не го препознава човекот со кого била во брак, а Вест изненади со признание дека престанал да ја следи терапијата за биполарно растројство. „Пет месеци сум без лекови. Подобро би бил мртов отколку на терапија. Или тие ќе уништат мене или јас нив“, изјави тој, оставајќи ја Кардашијан видливо потресена.

Документарецот прикажува бурни моменти од нивниот брак, кој траеше од 2014 до 2022 година, како и нивната борба со јавниот притисок и медиумските скандали. Трејлерот вклучува сцени од жестоки расправии, настапи, модни проекти, но и интимни моменти со нивните деца – Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм.

Особено внимание привлекува снимка од верска служба во затвор, каде Вест порачува: „Кога сме во затвор, проповедаме дека Исус може да нè ослободи, и тоа е вистина“.

Филмот најавува вистинска експлозија од признанија и емоции – од духовни пораки и јавни настапи до семејни тајни и болни исповеди, кои го откриваат целиот товар на нивната врска и последиците од болеста на Канје.

РЕКЛАМИ: