Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Ким Кардашијан ќе го плати лекувањето на девојката која беше повредена...

Ким Кардашијан ќе го плати лекувањето на девојката која беше повредена за време на протестите

реклама:Велигден со Стаф

Старлетата и ријалити ѕвезда Ким Кардашијан се понудила целосно да ја покрие операцијата на една девојка која била повредена за време на протестите со гумен куршум.

Американската реалити sвезда Ким Кардашијан (39) понуди да и помогне на жената која полицијата сериозно ја повреди на протестите овој викенд.

39-годишната реалити sвезда се шокирала кога видела фотографија на девојка која била застрелана во главата со гумен куршум додека стоела на улица и снимала протест во Луизијана по повод смртта на Џорџ Флојд.

На сликата е прикажана една млада жена на која и недостасува дел од челото и чие лево око е повредено и толку отечено што е целосно затворено.

Старлетата беше многу шокирана од тоа што го виде, па се понуди да и помогне.

„Ова е многу вознемирувачки. Дали некој знае како можам да стапам во контакт со неа? Би сакала да и помогнам во лекувањето ако и биде потребно“, напиша Ким на „Твитер“.

Десетици луѓе веднаш тагнуваа жена по име Шанин Шарајз, за ​​Ким да може да стапи во контакт со неа и да и помогне.

Шанин објави видео на својот инстаграм-профил затоа што беше обвинета дека се преправала дека е повредена на протестите и дека тоа е шминка на нејзиното лице, а не повреда.

„Протестирав вечерва. Снимав сè со камера кога ме погоди гумен куршум. Ова е резултатот“, напиша Шанин на својот профил на Твитер.

Ким Кардашијан тогаш напиша како се чувствува во врска со убиството на Џорџ Флојд.

„Исцрпена сум поради скршеното срце што го имам кога гледам мајки, татковци, сестри и браќа кои страдаат затоа што нивните најблиски се убиени или неправедно затворени само затоа што се Афроамериканци. Јас сум лута, многу сум лута. Јас сум лута и ужасната“, напиша Ким.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------