Home INFO Клуни и Пит разочарани што нивниот нов филм „Волци“ нема да се...

Клуни и Пит разочарани што нивниот нов филм „Волци“ нема да се прикажува во кината

реклама:DIGITVMK

Џорџ Клуни и Бред Пит изразија разочарување што нивниот нов филм „Волци“ нема да се прикажува во кината, туку ќе биде објавен директно на стриминг платформата „Епл+“ на 27 септември.

И покрај тоа, филмот имаше премиера на Венецискиот фестивал, каде што се појавија и Клуни и Пит.

Клуни изјави дека и двајцата актерите вратиле дел од своите пари за да обезбедат филмот да добие кино-премиера.

Тој истакна дека информациите за нивните хонорари биле претерани. Иако има резерва за стримингот, Клуни призна дека е неопходен за филмската индустрија. Бред Пит се појави на премиерата со својата девојка Инес де Рамон.

Кога беше запрашан за значењето на ограниченото кино-прикажување, Клуни се пошегува дека се во пад. Сепак, изрази задоволство што на нивната возраст сѐ уште добиваат улоги.

Тој додаде дека Бред има 74 години и може да биде среќен што сѐ уште работи. Ова е вторпат Клуни и Пит да се појават заедно на црвениот тепих од 2008 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------