
На модната недела во Париз се појави видео кое брзо стана вирално, прикажувајќи тензија помеѓу Никол Кидман и Салма Хаек. По ревијата на Баленсијага, актерките заедно со пејачката Кети Пери позираа пред фотографите. Салма се обиде да ја насочи Никол кон камерите за подобар кадар, но Кидман реагираше остро, грубо фаќајќи ја Хаек за раката и оттргнувајќи ја. После краток разговор со Кети, Никол си замина од настанот, оставајќи ги присутните во чудење.
Os fotógrafos tirando fotos da Salma Hayek até a Nicole Kidman parar bem na frente dela e soltar um “don’t touch me” que deixou até a Katy Perry sem graça 😳 pic.twitter.com/3z5RK6Jfr1
— Central Reality (@centralreality) October 12, 2024
Многу обожаватели брзо реагираа на видеото, коментирајќи дека однесувањето на Кидман било непотребно. Некои дури истакнаа дека тензијата помеѓу актерките била очигледна, што дополнително го зголеми интересот за инцидентот. Ова појавување на Никол беше нејзиното прво во јавноста по смртта на нејзината мајка, што можеби придонело за нејзината реакција. Во минатото, таа споделила дека има многу блиска врска со мајка си, особено за време на нејзините здравствени проблеми. Поради оваа ситуација, фановите ја оправдуваат нејзината нервоза на настанот.






