Home INFO Кој ден во неделата не го поднесувате?

Кој ден во неделата не го поднесувате?

реклама:Велигден со Стаф

Можеби мислите дека понеделник е најомразениот ден, но неодамнешно истражување покажало дека ништо подобра репутација немаат ниту вторник, среда, како и четврток.

Американските научници ги прегледале резултатите од анкетата која опфатила 340.000 луѓе и откриле дека поголемиот дел од нив не се чувствува лошо само во понеделник, туку тоа е случај и со другите работни денови, со иклучок на петок.

Извештајот е објавен во Журналот за позитивна психологија, а професорот кој стоел зад истражувањето, Артур Стоун од Стон Брук универзитетот вели:

„И покрај распространетото уверување дека понеделник е најомразениот ден, заклучуваме дека тоа не е вистина. Култните митови го преувелучуваат влијанието на одредени денови во неделата за расположението на луѓето“.

Слично на ова, научниците сметаат дека треба да се престане со промовирање на одредени денови во годината како „најдепресивни“, како што е случај со последниот понеделник во јануари.

Кој ден во неделата вие најмогу го мразите?

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------