Водејки се според информациите од Државниот завод за статистика, ова се најмалку платените работни позиции во нашата држава.
Вработените во областа на Заштита и истражување, во август земале најниска просечна плата која изнесувала 13 703 денари.
На втората позиција најниско платен сектор е производството на кожа каде што платата во август била 15 178 денари.
Вработените пак во секторот рибарство и аквакултура, добиле 15.430 денари просечна плата.
Четвртата и петата позиција на најниско платени сектори им припадна на услугите поврзани со одржување на згради, животна средина и природа како и производство на облека каде платите во август биле 15.614 денари односно 15.991 денари.