Home INFO Коки во чест на Дуле со концерт во Штип

Коки во чест на Дуле со концерт во Штип

реклама:

Музичарот Никола Јанков Коки во чест на својот пријател и колега Душан Љубисављевиќ познат и како Дуле на 15 сепетември ќе одржи концерт во Домот на млади во Штип. Концертот ќе започне во 20 и 30 часот, а билетите ќе можат да се набават во tickets.domnamladi.mk.

Познатиот виолинист со Дуле беа едни од најпопуларните музичари на почетокот на 2000 години. Двајцата оставија белег на музичката сцена со хитовите „Виолина и гитара“, „Марама“, „Колку треба да се плати“ и други. Дуле почина во 2013 година на 38 години, а потоа Коки почна да свири со „Тајфата“.

За потсетување Коки во интервју за „Репортер“ рече дека и денес му е тешко кога ќе се сети на својот најдобар пријател и дека семејството на Дуле ми даде поддршка да продолжи со музиката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------