Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Колку ќе искешира Александра Пријовиќ само од концертите во Загреб?

Колку ќе искешира Александра Пријовиќ само од концертите во Загреб?

реклама:

Александра Пријовиќ продолќува со нејзината концертна турнеја а викендов таа го започна маратонот во Загреб со пет по ред закажани концерти таму.

И како што секогаш бива меќу најинтересни се оние информации кои што некој ете баш имал време и пресметал колку ќе заработи пејачката само од концертите во Загреб.


Таа одамна ги распродаде сите пет настапи, а според познат менаџер, кој сакал да остане анонимен, во Белград ќе се врати многу побогата, пренесе српски Телеграф.

– Најевтиниот билет за концертот во Загреб чинеше 25 евра, а најскапиот 130, колку што беше потребна за ВИП-ложата. Капацитетот на Арената Загреб со приземје е 22.000 седишта, но поради 150-те шанк маси, кои се предвидени за концертот на Александра, таа секоја вечер ќе пее за 17.500 луѓе или вкупно 90.000 луѓе за пет концерти. Тоа значи дека за пет вечери во Арена, Александра ќе инкасира 2.780.000 евра – вели менаџерот за забава и додава дека од таа сума треба да се одбијат трошоците за кирија, даноци и други потреби:

– Изнајмувањето на Арената чини 25.000 евра дневно, што значи дека за пет дена Прија за неа издвоила 120.000 евра. За опремата, продукцијата, бендот, танчерите и костимите потрошила околу 150.000 евра, плус данокот што треба да ѝ го плати на државата. Според мои проценки, по пет вечери во Загреб, Александра ќе се врати во Белград побогата за околу 2.500.000 евра! – изјави тој за Информер.

Александра само за гардероба на концертот потрошила 50.000 евра. Пејачката за само една јакна од модната куќа „Александар Меквин“ платила „безначајни“ 16.000 евра, за црни панталони од истиот бренд платила 1.890 евра, а за блејзер 2.170 евра. За црното кожено здолниште на истата модна куќа, во кое го отпеа својот хит „Дам, дам, дам“, платила „околу“ 4.000 евра, а темниот горен дел 2.390 евра. Прија за време на концертот донесе уште една креација на познатата модна дизајнерка, за која потрошила дури 7.523 евра, пренесе српски Телеграф.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------