
Дали знаете дека вашата јастучница може да биде 17.000 пати повалкана од даската на ВЦ школката ако не ја перете една недела? Ова го открива ново истражување кое анализирало бактериите на постелнината и душеци на волонтери кои четири недели не ја менувале постелнината.
После само една недела, јастучниците и чаршафите содржеле 3 до 5 милиони бактериски колонии (CFU) по квадратен инч. До четвртата недела, тој број скокнал на 12 милиони. Најголемиот дел од бактериите биле грам-негативни стапчиња (41%), кои можат да предизвикаат воспаление на белите дробови и инфекции отпорни на антибиотици.
Јастучниците биле најголеми „жаришта“ на бацили и грам-позитивни бактерии, кои често се поврзуваат со труење со храна и инфекции. Нови душеци имале 3 милиони CFU, додека оние стари седум години акумулирале дури 16 милиони CFU.
Лекарите препорачуваат често менување на постелнината, особено кај лица со алергии или кожни проблеми. Се поставува прашањето: колку често ја менувате вашата постелнина?






