Home INFO Компанија бара кандидат што сака да јаде благи работи и нуди хонорар...

Компанија бара кандидат што сака да јаде благи работи и нуди хонорар за тоа

реклама:

Шансите да бидете ангажирани како судија на „Големото британско шоу за готвење“ се речиси нула. Но, тоа не е единствениот начин да добиете пари за да оцените некои од класичните британски кулинарски понуди.

„Биг хаус експириенс“, компанија за изнајмување станови со седиште во Велика Британија, бара некој што ќе има желба да проба десетина различни слатки и да го сподели своето мислење. Ќе добиете 125 долари за да ги покриете трошоци за слатките, кои можете или да ги купите готови или да ги направите сами, иако таа одлука најмногу ќе зависи од тоа што можете и што не можете да најдете во вашата локална пекарница. Ќе добиете уште 500 долари откако ќе го завршите работниот ангажман.

Овој работен ангажман треба да се совпадне со претстојното издание на новата сезона на „Големото британско шоу за готвење“, чија премиера се очекува да биде на 12 септември.

Кандидатите можат да живеат во која било земја, меѓутоа, треба да имаат пристап до шоуто и да имаат најмалку 18 години. Друг услов е да бидете љубител на благото.

Доколку сакате да се пријавите, потребно е да пополните апликација и да објасните зошто треба токму вие да бидете избрани за оваа работа и што најмногу сакате од шоуто. Сите оние што сакаат да аплицираат имаат рок до 25 септември да ја пополнат апликацијата.

Победникот ќе биде избран една недела подоцна.

ТУКА можете да се пријавите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------