Home INFO Конечно се договорија: Шакира заминува од Шпанија

Конечно се договорија: Шакира заминува од Шпанија

реклама:

По разделбата која се случи неодамна, Шакира и нејзиниот партнер, фудбалерот Пике, не можеа да постигнат договор околу старателството над децата.

Според шпанските медиуми, по излегувањето на информациите за нивната разделба, но и за новата врска на Пике, со млада практикантка во неговата фирма, Шакира планирала со децата да замине од Шпанија и да се пресели во Мајами.

На ова се противел Пике, кој не сакал да е толку оддалечен од нивните синови.

По неколку неуспешни средби на бившиот пар, во присуство на адвокати, деновиве тие конечно го дефинирале старателството над децата.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, на средба со адвокатските тимови која траела дури 12 часа, се договориле од следната година, синовите да живеат со својата мајка во Мајами, а Пике да е во можност да ги посетува кога и да посака.

Во изјава за медиумите, Шакира и Пике потврдија дека постигнале договор кој ќе биде ратификуван и на суд, а со кој постигнале гарантирана благосостојба за своите деца.

Бившиот пар замоли за приватност, се со цел нивните деца да го продолжат животот во мирна средина.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------