Home INFO Контроверзниот српски јутјубер остана без денар: Бака Парасе “исчезна“ од социјалните мрежи?!

Контроверзниот српски јутјубер остана без денар: Бака Парасе “исчезна“ од социјалните мрежи?!

реклама:Велигден со Стаф

Драмата започна кога Богдан Илиќ, попознат како јутјуберот Бака Прасе, во живо на Јутјуб, во навидум пијана состојба го навреди српскиот медиумски магнат, сопственик на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ.

Бака го обвини дека му должи пари,а подоцна упати низа брутални навреди кон него. Потоа следеа низа навреди еден кон друг, документарен филм посветен на незаконското работење на Бака Прасе. Во своите емитувања во живо на Јутјуб, Богдан го навредуваше Жељко, но и неговото потесно семејство.

Митровиќ потоа ги презеде работите во свои раце и застана на патот на скандалозното и арогантно однесување на Јутјуберот, које познат во јавноста по тоа што нема милост кон неистомислениците.

Набрзо по отворената војна, во медиумите одекна веста дека на контроверзниот Богдан му изгасен неговиот Јутјуб канал, каде имаше околу 2 милиони следбеници и заработуваше многу пари.

Но, очигледно на Митровиќ не му било доволно ова, па на Прасе му е ззатворен ипрофилот на Инстаграм, кој беше уште еден извор за негова заработка.

Тој се огласи од друг профил на гореспоменатата социјална мрежа, каде на јавноста и соопшти дека неговиот профил кој имал над милион следбеници е затворен.

„Инстаграмот на Бака Прасе е затворен“ – стои во објавата на еден од неговите резервни профили.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------