Home INFO Корона на Евровизија: Член на португалската делегација позитивен, ќе има ли карантин...

Корона на Евровизија: Член на португалската делегација позитивен, ќе има ли карантин за останатите?

реклама:Велигден со Стаф

И токму кога помисливме дека овогодинешната Евровизија ќе се врати на старо, без корона паника и строги заштитни мерки, во јавноста одекна веста дека членка од португалската делегација е позитивна на коронавирус.

Останатите членови од делегацијата засега се со негативен тест и не покажуваат симптоми на вирусот.

Во согласност со здравствениот и безбедносен протокол на Евросонг, сите тие направија уште еден ПЦР-тест по што се вратија во хотелот.

Според Протоколот за здравје и безбедност, кој е во сила за Евровизија 2022 година, остатокот од делегацијата не е обврзан да влезе во изолација или карантин, но според италијанскиот закон, мора да носат маски цело време додека се и на отворено и во затворено, освен во своите соби.

Според правилата на Евровизија, сите членови од секоја делегација се тестираат на секои 72 часа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------