Home INFO Ковид пасоши ќе почнат да се користат од март?!

Ковид пасоши ќе почнат да се користат од март?!

реклама:

Како што беше најавувано од претходно, веќе станува и реално – за патување со авион ќе треба да се поседува Ковид пасош (IATA Travel Pass).

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај – IATA информираше дека Ковид пасошот ќе започне да се користи од Март оваа година. Се очекува први да започнат да го користат големите авиокомпании. Пасошот ќе биде мобилна апликација и ќе содржи потврда за патникот за тестови и за вакцина за Covid-19. Апликацијата ќе биде достапна за Андроид и за IOS оперативен систем и претставува посигурна варијанта од документ на хартија. Моментално, забрзано се работи на финализирање на оваа апликација, која ќе биде бесплатна за симнување и користење.

Со апликацијата IATA има за цел да им обезбеди на државите поголема сигурност и доверба во отварање на своите граници, без задолжителен карантин за патниците кои влегуваат во нив. Исто така, оваа апликација ќе ја забрза работата на аеродромските работници, бидејќи патниците ќе доаѓаат на аеродром со готова и проверена документација.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------