Home INFO Kожувчанка донира неограничена количина Изворска на сите вакцинални пунктови во државата!

Kожувчанка донира неограничена количина Изворска на сите вакцинални пунктови во државата!

реклама:Велигден со Стаф

Многубројните донации низ годините, ја ставаат Кожувчанка ДОО на прво место, како најголем опшествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно.

“Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во наша држава со негазираната природна изворска вода Изворска.

Особено ни е чест и гордост на нашата последна соработка со Министерството за здравство со кои направиме договор за донација на неограничена количина на Изворска за сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.

Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направиме истото!” – истакнаа од компанијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------