Home INFO Кралското семејство во паника, наскоро излегуваат мемоарите на принцот Хари!

Кралското семејство во паника, наскоро излегуваат мемоарите на принцот Хари!

реклама:

Долгоочекуваните мемоари на принцот Хари конечно ќе се објават на 10 Јануари следната година, пренесе Њујорк Тајмс.

Наводно, датумот на објавување е пролонгиран поради смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 – ми Септември.

Се очекува мемоарите да откријат детали од детството на Хари, но и периодот на отслужување на воена обврска во Авганистан, се до бракот со Меган Маркл.

Јавноста со нетрпение очекува да ги дознае деталите за односите во краслското семејство во периодот кога Хари и Меган Маркл одлучија да се откажат од кралските титули.

Се претпоставува дека приходот од продажбата ќе биде наменет за добротворни цели.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------