Home INFO Кучињата плачат од среќа кога повторно се соединети со нивните сопственици, вели...

Кучињата плачат од среќа кога повторно се соединети со нивните сопственици, вели науката

реклама:

Постојат толку многу начини што можат да покажат дали кучето е среќно. Сите знаеме дека кога е среќно, кучето мавта со опашката, но има безброј индиции скриени во говорот на телото на кучето за да знаете како се чувствуваат. Но, за првпат, јапонските истражувачи потврдија дека кучињата покажуваат емоции на друг начин: со плачење.

Иако сликата на расплакано куче може да биде доволна за да се расплаче некоја личност, емпатичните луѓе нека дишат длабоко затоа што не станува збор за тажни кучиња. Всушност, научниците неодамна открија дека кучињата плачат од радост кога се среќаваат со своите сопственици.

Професорот Такефуми Кукусуи од Универзитетот „Азабу“ бил инспириран да ја открие улогата на создавањето солзи кај кучињата додека гледал како едно од неговите кучиња ги дои бебињата. Тој забележал дека таа плачела додека ги доела, а професорот претпоставил дека и кучињата можат да плачат од радост. По малку истражување, тој открил дека не постојат студии фокусирани на емоционалното производство на солзи кај животните.

Истражувањето на кое тој бил коавтор е објавено во списанието „Крент бајолоџи“ и покажува дека кучињата навистина доживуваат емоционално производство на солзи.

Всушност, истражувачите го измериле обемот на солзи кај кучињата пред и по обединувањето со сопствениците и познатите несопственици за да ја тестираат нивната теорија. Тие откриле дека производството на солзи кај кучињата се зголемило по повторното обединување со нивниот сопственици, но не и по повторното обединување со позната личност која не била нивен сопственик.

Како потврда, истражувачите проучувале дали волуменот на солзите на кучето се зголемува или не со воведувањето на окситоцин, хемикалија за „добро чувство“ што ја лачи мозокот. Ова покажало дека овој емотивен хормон игра улога во феноменот на „куче што плаче“.

Производството на солзи може да помогне да се зголемат емоционалните врски меѓу кучињата и луѓето

Солзите имаат неколку цели, вклучително и чистење на остатоците во окото. Тие, исто така, можат да бидат физичка манифестација на силни емоции и алатка за луѓето да ги разберат меѓусебните чувства. Меѓутоа, како што открија Такефуми Кикусуи и неговите колеги, солзите исто така може да играат улога во врската помеѓу човекот и животното.

Последната фаза од студијата вклучувала тест во кој луѓето биле замолени да ги оценат своите впечатоци од сликите на кучиња. Учесниците ги оцениле сликите на кучиња со и без вештачки солзи во очите, и тие всушност имале попозитивен впечаток за кучињата со солзи. Тоа би можело да биде затоа што луѓето повеќе се поврзуваат со животно ако можат физички да видат знак на емоции.

Кикусуи дошол до заклучок дека врската меѓу луѓето и домашните миленици може да биде уште посилна отколку што првично се верувало, особено затоа што видел докази за емоционална реакција кај кучињата. Сепак, лесно е да се разбере зошто некои луѓе се изненадени кога дознаваат дека емоциите на кучињата и емоциите на луѓето се слични.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------