Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Кумата на Брена ќе лежи во затвор за измама со луксузни автомобили

Кумата на Брена ќе лежи во затвор за измама со луксузни автомобили

реклама:

Татјана Миоковиќ и нејзиниот невенчан партнер Зоран Јанковиќ како водич на мафијашка група која правела измами со лксузни автомобили се осудени за измама со украдени возила кои ги продавале на српската естрада.

Пред Специјалното одделение на Високиот суд во Белград, Татјана Миоковиќ е осудена на затворска казна од две години и два месеци, како и парична казна од 300.000 динари, додека нејзиниот партнер Зоран Јанковиќ е осуден на шест години и шест месеци затвор, како и парична казна од еден милион динари.

Како што претходно соопшти Јавното обвинителство за организиран криминал, обвинителниот акт е поднесен против Зоран Јанковиќ, Марио Бакалиќ, Милан Јариќ, Горан Ловриќ, Бошка Тарајиќ, Золтан Молнар, Татјана Миоковиќ, Иван Ќириќ, Младен Мишчевиќ и Божовиќ Бранислав.

Тие се обвинети за перење пари и фалсификување документи како членови на организирана криминална група.

„Обвинетите се товарат дека како дел од организирана криминална група набавиле моторни возила кои потекнуваат од криминални дејствија, прикривајќи го нивното потекло со фалсификувани документи, преземале дејствија за царинење, а потоа ги продавале овие возила, при што оствариле значителни приходи“, се вели во соопштението на обвинителството.

Да потсетиме, Татјана Миоковиќ, кумата на Лепа Брена, која беше прогласена за „кралица на естрадната-автомобилска мафија“, со невенчаниот сопруг Зоран Јанковиќ и уште осуммина обвинети, учествувала во трговијата со скапи украдени автомобили, а била во обвинение дека се погрижила полицијата да не ги разоткрие, туку и да финансира фалсификувани документи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------