Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Лејди Гага се пофали со нова улога во продолжението на “Џокер”

Лејди Гага се пофали со нова улога во продолжението на “Џокер”

реклама:Велигден со Стаф

На Лејди Гага и тргна во актерските води па после успешните филмски проекти како “Ѕвездата е родена” и “Гучи” таа повторно е пред нов предизвик со нова улога во продолжението на “Џокер”.

Таа заедно со Хоакин Феникс, кој доби Оскар за улогата на Џокер, ќе се најде во новото продолжение на филмот како Харли Квин, Режисер на филмот е Тод Филипс.

Филипс веќе некое време го пишува сценариото заедно со косценаристот Скот Силвер. Кон средината на јуни тој го откри насловот на новиот проект „Joker: Folie à deux“, кој упатува на медицински термин за идентично или слично ментално заболување кај две или повеќе лица, односно членови на едно семејство.

Наводно, вториот дел од филмот е мјузикл. Продуцентот на новиот Џокер беше продуцент и на „Ѕвездата е родена“ во која главата улога ја имаше токму Лејди Гага.

Пејачката објави краток тизер, со што потврди дека таа и Хоакин се главните улоги.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------