Home INFO Лепа Брена, Цеца, Карлеуша… Заработуваат милиони а дел од нив имаат едвај...

Лепа Брена, Цеца, Карлеуша… Заработуваат милиони а дел од нив имаат едвај основно образование!

реклама:Велигден со Стаф

За популарност на Балканот очигледно обрзаованието не игра никаква улога.
Многу од познатите балкански ѕвезди едвај успеале да го завршат и основното училиште, а сепак успеале да се издигнат високо на листата на личности кои имаат милионски заработки.

Еве со какво образование можат да се пофалат дел од естрадните уметници од соседството кои уживаат мега популарност и кај нас.

Северина, Дара Бубамара и Весна Змијанац имаат барем една заедничка работа, а тоа е дека имаат завршено само основно образование.

Додуша Змијанац има и курс за дактилографка.

Нешто пообразувани се Цеца Ражнатовиќ, која завршила средно ветеринарно, смер свињарство, Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ завршиле средно трговско, а Сека Алексиќ средно фризерско.

Жељко Самарџиќ и Маја Николиќ имаат средно музичко образование.

Лепа Брена пак се запишала на факултет за туризам, но се откажала, па останала со средно туристичко.

Здравко Чолиќ има диплома од економски факултет, а Сузана Манчиќ од правен.

Најобразувана е Неда Украден, која има дури две дипломи, од правниот и филолошкиот факултет.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------