АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Откако се појави веста дека почина Саша Поповиќ, директорот на Гранд продукција и еден од најмоќните луѓе во српската естрада, се огласија неговата екс бизнис партнерка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ.

„Ова е голема загуба за сите нас. Бевме првенствено кумови, пријатели и најблиски деловни соработници. Сега кога требаше да ужива, се случи ова, ова е голема загуба, што да кажеме повеќе. Беше голем човек“, велат Брена и Боба за Блиц.

Брена и Саша инаку заедно ја основаа Гранд продукција .

Поповиќ и Лепа Брена почнаа да работат заедно во 1976 година, кога како пејачка се приклучи на бендот Лира шоу, кој тој го основаше. После тоа, во 1982 година, групата го менува своето име во Слатки грех и постигнува голем успех низ цела Југославија.

Заедно со Лепа Брен, Поповиќ ја основа Гранд продукција во 1998 година. Во 2000-тите, многу пејачи на народна музика се преселиле во Гранд, а во 2004 година, Саша дошол на идеја да го започне проектот Ѕвездите на Гранд, кој се уште важи за еден од најпопуларните.

Брена беше кума и на свадбата на Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ, со која музичарот ја доби ќерката Александра (26).

РЕКЛАМИ: