Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Лила Филиповска во секси фустан со реси го прослави својот роденден (фото)

Лила Филиповска во секси фустан со реси го прослави својот роденден (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Како и секоја година по традиција нашата водителка Лила Флиповска во еден скопски ресторан го прослави својот роденден.

Таа заедно со своите најблиски соработници и пријатели ја дуваше тортата и се забавуваше славејки 49 години.

И како што и сите очекуваа Лила сподели дел од сликите на својот Инстаграм каде што е секојдневно активна, а не заостана ниту објавата од нејзината фотосесија од нејзиниот дом.

View this post on Instagram

Отворам очи сабајлево … и бум … 49 години ⚡️⚡️⚡️ Па добро си викам .. не се 100 😂 летаат годиниве, летаат ко минути 💥 и така драги луѓе среќна што сум здрава и жива сфаќам колку си ги сакам годините со сѐ што поминало низ нив. Какви и да се мој си се и не би се вратила ни година наназад. Секоја доба своја убавина и ако бирам меѓу младост и мудрост го бирам второво. Ама што има тука да се бира …. тоа е животот. Ќе уживам и ќе се смеам се дур имам заби 😜 и еве вака ќе се качувам по маси да се сликам дур имам вакви нозе 🤪 Краток е животот драги мои затоа да го уживаме максимално, и во лошото да наоѓаме добро, да си го гледаме својот двор, да шириме позитива и љубов , да си помагаме да се сакаме, а сега е најбитно да останеме здрави, живи и безбедни❤️ И фала Ви на безбројните убави пораки кои ми пристигнуваат на постовите и во пораки ако не стигнам да Ви вратам еве овде ќе го направам тоа и бескрајно БЛАГОДАРАМ за поддршката која толку години ме држи тука околу вас и заедно со Вас…❤️❤️❤️ . Ве сака Ваша Лила ❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------