Home INFO Луѓе бегале во паника: Хаос на концерт Горан Бреговиќ во Албанија (видео)

Луѓе бегале во паника: Хаос на концерт Горан Бреговиќ во Албанија (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Концертот на Горан Бреговиќ кој се одржа вчеравечер во албанскиот град Корча бил прекинат, откако лице од публиката фрлило солзавец.

Многумина од присутните посетители панично побегнале. Децата и постарите лица веднаш биле насочени кон излезот, а во мешеницата, на едно лице му била пружена и медицинска помош.

Албанските медиуми пренесуваат дека по интервенција на полицијата, било уапсено едно лице кое се сомничи дека го фрлило солзавецот.

Најавата дека Бреговиќ ќе настапи на фестивал на пивото во Корча предизвика бројни негативни коментари во дел од косовските медиуми, кои тврдеа дека Бреговиќ бил идол и инспирација на српската војска во текот на војната во бивша Југославија.

„Газета Експрес“ дури и наведе дека Бреговиќ признал дека се состанал со Радован Караџиќ, осуден за воени злосторства против човештвото во БиХ. Весникот наведува и дека Горан Бреговиќ во 2006 година станал почесен граѓанин на албанската престолнина и дека тогаш добил „клуч од Тирана“ од тогашниот градоначалник, Еди Рама.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------