
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Пејачката и актерка Мајли Сајрус ја доби својата ѕвезда на холивудската Патека на славните, а во текот на церемонијата поддршка ѝ беа нејзината мајка Тиш Сајрус, сестрата Бренди Сајрус и свршеникот Макс Морандо. Иако нејзиниот татко Били Реј Сајрус беше забележливо отсутен на големиот ден, ѕвездата од „Хана Монтана“ му упати трогателна посвета во својот говор.
– Мојот татко велеше дека облакодер почнува со удар со чекан, а патем речено, така е и со ѕвездата на Патеката на славните. И не станува збор за сила, туку за повторување. Она што ја прави оваа ѕвезда толку посебна е тоа што таа е збир на посветеност – рече Мајли пред публиката, меѓу која беа и нејзините пријателки – актерката Ања Тејлор-Џој и модната дизајнерка Донатела Версаче.
Иако Мајли и Били Реј беа во конфликт во последните години – пејачката на хитот „Party in the U.S.A.“ Во поткастот „Reclaiming“ во 2025 година откри дека „половина од семејството не зборувало во еден момент“ – таа изјави дека „го кренала белото знаме“ и лани ги обединила сите членови.
Таа дури и повторно се сретна со Били Реј во мај 2025 година на забавата по повод 31-виот роденден на нејзиниот брат Брејсон Сајрус, споделувајќи тогаш на Инстаграм фотографија од семејното собирање исполнето со „мир“ и „исцелување“ на Инстаграм.
Една година подоцна, 33-годишната пејачка чувствува само благодарност кон своите најблиски кои ѝ помогнале да го оствари ова значајно достигнување, вклучувајќи го и Макс, со кого се сврши во 2025 година по четири години врска.
– Ова ме трогна. До моето семејство, моето идно семејство, моите родители, мојата мајка, моите браќа и сестри, моите пријатели, моите колеги: ви благодарам што ги сакате и поддржувате не само одлуките што ги донесувам, туку и моите стравови и што се соочувате со нив заедно со мене – рече Мајли на Патеката на славните, борејќи се со солзите.
Добитничката на Греми, исто така, им се заблагодари на обожавателите кои ја поддржуваат од самиот почеток.
– До моите обожаватели, вие сте ѕвездите кои секој ден го остваруваат мојот сон со вашата љубов и поддршка – порача Мајли.
Таа додаде дека се надева дека нејзината музика ќе „продолжи да ги допира срцата на идните генерации“ и долго откако таа ќе си замине, „ќе разбуди нешто сирово и несовршено, секси и гламурозно и радосно во времињата кога тоа е потребно“.






