Home INFO Магичната летна страна на Банско и Premier Luxury Mountain Resort

Магичната летна страна на Банско и Premier Luxury Mountain Resort

реклама:Велигден со Стаф

Доколку сонувате за релаксирачки одмор во природа, свеж планински воздух, многу емоции и дополнителни активности со кои ќе ги освежите духот и телото, а без притоа да се откажете од удобност и услуга со пет ѕвездички,тогаш хотелот Premier Luxury Mountain Resort е вистинското место за вас!

Premier Luxury Mountain Resort повторно се отвора на 25 јуни 2021 година!

Хотелот се наоѓа на подножјето на Пирин планина, на само 700 метри од жичарницата и нуди величествен поглед кон планината. Местоположбата на овој хотел ви нуди истовремено близина до шумската свежина но и до центарот на Банско.

Уживајте во луксузно сместување, исклучително внимание од страна на персоналот, извонредни кулинарски искуства во врвните ресторани Амброзија и Дионисос, како и уникатна атмосфера во Нектар барот.

За ваша целосна релаксација, на располагање ви е врвниот спа-центар Ле Спа.

Секој ден Премиер ви нуди нови искуства, вкусови и сензации.

Гостите на располагање имаат голем избор на сместување во соби и апартмани. Од стандардното Executive сместување, каде просторот е совршено комбиниран и нуди пријатност и удобност, до шик апартмани за двајца од колекцијата Premier, но и извонредни и пријатни семејни мезонети од колекцијата Residence кои нудат беспрекорен поглед на планината и се сместени на последниот кат.

И двете лукзузни колекции Premier и Residence се одликуваат со уникатен дизајн, стилски мебел, неверојатна удобност но и дополнителни услуги кои го дополнуваат концептот на Премиер за вистинско гостопримство.

Летната понуда вклучува опции за појадок, појадок и вечера, пакет “Романтично рандеву“ со акцент на спа третмани за двајца и фина вечера на менито.

Достапен е и пакетот “Семејни спомени“, кој нуди разновидни услуги за секој член на семејството и интересна забава за деца! Додека најмладите гости уживаат во детското игралиште или во детскиот клуб кој нуди организирана бесплатна забава и анимација, родителите можат да се релаксираат и да уживаат во времето за себе.

Гостите на хотелот можат бесплатно да го користат просторот во спа центарот (фински и арома сауни, парна бања, џакузи), затворен загреан базен со температура на водата од 30 степени, отворен базен со прекрасен поглед на планина, фитнес центар.

Хотелот нуди бесплатен отворен паркинг и брз безжичен интернет во собите и во сите заеднички простории.

Premier Luxury Mountain Resort е меѓу најдобрите опции за сместување кои можете да ги одберете во Банско, без оглед дали патувате со своето семејство, пријатели или партнерот.

Посетете го Банско и откријте ја магијата на Премер, хотел создаден во хармонија со планините а истовремено елегантен, стилски и со сите можни удобности.

Проверете ги специјалните понуди ОВДЕ и уживајте во одличниот прв летен викенд со многу поволности за првите гости – бесплатна надградба во повисока категорија соби, бесплатно сместување за деца до 12 години и возбудлива скара ноќ во сабота!

Резервирајте го вашиот перфектен одмор веднаш!

Контакт телефон:  +359 749 50500

reservations@premiermountainresort.com

https://www.banskohotelpremier.com/

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------