Home INFO Македонец е избран за најубавото дете во светот!

Македонец е избран за најубавото дете во светот!

SHARE

Минатата недела во Банско, Бугарија, се одржа детскиот избор за убавина, „Little Miss&Mister Galaxy 2019“, на кој во неговата возрасна категорија победи осумгодишниот Садат Јакупи, кој ја претставуваше нашата држава.

Овој голем успех тој го зачини со уште една титула „Top Model Galaxy 2019“.

Садат е член на Модното студио Црнокрак и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак претстојуваа седум дена во Банско каде со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваа за големото финале.

На изборот и Мики Црнокрак доби титула за најдобар национален директор и тоа трета година по ред.

Нашиот Садат заслужено ја освои титулата, првенствено со својата убавина и шарм, на кој не останаа рамнодушни сите членови на жирикомисијата.

View this post on Instagram

Litter Mister galaxy

A post shared by Sadat Jakupi (@sadat_jakupi) on

РЕКЛАМИ: ---