Home INFO Од безбедносни причини, ќе се затвори најпознатата плажа во светот?! (ВИДЕО)

Од безбедносни причини, ќе се затвори најпознатата плажа во светот?! (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Управата на аеродромот на островот Пукет на Тајланд бара да се затвори дел од популарна плажа на островот од безбедносни причини.

Наводно, туристите им пречеле на пилотите кои полетуваат и слетуваат на блискиот аеродром во јужниот дел на островот Пукет.

Спорната плажа е многу популарна меѓу туристите кои често се фотографираат со авионите што полетуваат и слетуваат во позадина.

Управата на аеродромот бара затворање на дел од плажата поради ризик од несреќи и тврди дека фотографирањето на авионите може да биде опасно и да им пречи на пилотите на ист начин како и дроновите и ласерите.

Надлежните служби изјавиле дека максималната казна за попречување на работата на пилотите во Тајланд е смртна казна. Иако се издадени предупредувања, туристите продолжуваат да прават селфиња од плажата со авионите во позадина.

Се очекува одговор од локалната власт по барањето на аеродромската управа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------