Home INFO Македонските фудбалери против Украина: Ќе успеат ли да ја променат традицијата и...

Македонските фудбалери против Украина: Ќе успеат ли да ја променат традицијата и да победат?

реклама:

Двете репрезентации во минатото четири пати се сретнаа на официјални натпревари и на сите четири победата ја однесоа украинските фудбалери.

Во квалификациите за ЕУРО 2016, Украина на 12 октомври 2014 година во Лвов триумфираше со 1-0, а на реваншот на 9 октомври следната година беше поуспешна во Скопје со 2-0.

Украинците извојуваа победа и на дуелот на дебитантскиот настап на македонската репрезентација на ЕУРО2020, триумфирајќи со 2-1 во Букурешт.

Последниот официјален натпревар меѓу двете репрезентации се одигра во јуни во Скопје, кога Украинците со неверојатен пресврт и три голови во второто полувреме победија со 3-2.

Од друга страна, пред денешниот петти меѓусебен дуел Украина има лоши спомени на „Епет Арена“ во Прага на која гостуваше во 2011 година кога загуби од Чешка со 4-0. /МИА

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------