Home INFO Мандарина шејк, за добар почеток на денот!

Мандарина шејк, за добар почеток на денот!

реклама:

Мирисот на мандарините често се поврзува со ладните денови.

Освен што можат позитивно да влијаат на расположението, тие се и многу здрави.

Мандарините можат да ви дадат и до 80% од дневните потреби за витамин Ц, а истражувањата покажаа дека можат да ги намалат шансите за заболување од рак на црниот дроб.

Состојки:

– 1 дл млеко, 3 мандарини, 1 помала банана, 1 лажица мед, 1/2 кесичка екстракт од ванила.

Подготовка:

1. Излупете ги мандарините и бананата ставеде ги во блендер.

2. Додајте млеко, мед и екстракт од ванила.

3. Матете во блендер додека сите состојки не се соединат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------