Бившата актерка и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, за кратко стана една од омилените личности во Британија но и во светот.
Но симпатиите од јавноста траеја кратко, па во медиумите почнаа да се шират пикантерии за Меган и нејзиното однесување кои и го засенија епитетот омилена во кралското семејство.
Следеа обвинувањата дека Меган диктаторски се однесувала со персоналот но и со Кејт Мидлтон.
Нови обвинувања пристигнаа од Пирс Морган, познат британски новинар кој јавно ја оцрни бившата актерка.
Пирс Морган, новинар кој е познат како човек без влакна на јазикот и работел како уредник на најпознатите британски таблоиди како Сан и Дејли Мирор , објави напис во кој пишува за Маркл, опишувајки ја како бескрупулозна второкласна актерка, која е со луѓето од кои може да има корист.
Кога веќе не и користат, ги отфрла, а тоа ми се случи и мене.” напиша Морган.
Тие преку социјалните мрежи станале пријатели во 2015 година. Пријателството го одржувале со бројни пораки и преку социјалните мрежи.
Во 2016 Меган дошла во Лондон и тогаш за прв пат се сретнале.
На вечерата Меган дознала дека Морган е славна личност во Британија, но токму тогаш во ресторанот го запознала принцот Хари.
Од тој момент, Маркл ја прекинала врската со Морган, иако тој смета дека е главен ,,виновник “ што имала шанса да влезе во високото друштво во Британија.
,,Меган Маркл е егоцентрична, професионална второкласна актерка , која добила животна улога и е решена да ја искористи колку што може подобро. Последните 20 години им се умилкуваше на луѓето , се додека престанаа да бидат корисни. По тоа , ги отфрла без поздрав , а уште помалку објаснување. Знам , бидејќи и јас бев еден од нив. “ , напиша познатиот писател на блогови.