АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Марија Шерифовиќ повторно ги разнежни своите фанови за време на концерт, кога пред преполната сала сподели емотивен момент поврзан со својот син.

Во текот на настапот, на видео-бим се појавила фотографија од нејзиниот син Марио, кој држел црвена ружа со порака за Денот на жената. Изненадувањето ја трогнало пејачката до солзи, па накратко го прекинала концертот.

„Не ми го правете ова. Морам да работам, а моето его не е среќно кога плачам“, рекла Марија низ насмевка, обидувајќи се да ги сокрие емоциите пред публиката.

Кога го здогледала својот син во близина на сцената, таа му се обратила со нежни зборови и покажала колку многу ѝ значи.

Публиката со аплауз го поздравила овој искрен и емотивен момент, а многумина коментирале дека токму ваквите сцени ја покажуваат човечката страна на една од најголемите регионални музички ѕвезди.

Концертите на Марија Шерифовиќ и понатаму се препознатливи по силните емоции, искрената комуникација со публиката и атмосферата што често остава силен впечаток кај присутните.

РЕКЛАМИ: