Home INFO Масовна тепачка во авион поради патници кои не носеле маски (видео)

Масовна тепачка во авион поради патници кои не носеле маски (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Масовна тепачка изби во авион на летот од Њу Џерси до Порторико затоа што некои патници не носеле маски.

Инцидентот се случил по слетувањето во Сан Хуан, Порторико, кога полицијата се обидела да интервенира поради жена која „се однесувала агресивно“.

Жената која била идентификувана како Наси Вероника Пејн, како што известила полицијата, викала кон еден од патниците и се обидела да го нападне, а конфликтот и тепачката што започнала ги снимиле другите патници, пренесува „Њујорк пост“.

Според сведочењето на патниците, сè започнало кога еден човек за време на летот се шетал во авионот без маска. Стјуардесите го предупредиле да не менува седишта и да стави маска. Три жени кои патувале со него се однесувале слично и исто така биле предупредени.

Ситуацијата кулминирала по слетувањето, кога тројца мажи почнале да им викаат на тие жени и да ги навредуваат на расна основа.

Потоа започнал физичкиот конфликт, а Пејн не престанала дури и кога се обиделе да ги раздвојат. Таа била уапсена и ѝ била одредена кауција од 150.000 долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------