АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Инфлуенсерка од Дубаи, која често се фали со својот екстравагантен начин на живот на интернет, сподели ново видео на Инстаграм, тврдејќи дека нејзиниот сопруг милионер и купил остров само за да може да носи бикини во приватност. Соуди ал Надак (26) на Инстаграм сподели видео од приватен, неоткриен остров со натпис: „Сакаше да облечеш бикини, па сопругот милионер ти купи остров“. На видеото се гледа како парот лета со изнајмен авион до тропскиот остров, кој има приватно одморалиште вградено во карпа и високи палми со поглед на лагуната.

„Ова била неговата најдобра инвестиција досега“, напишал 26-годишник додека го споделувал видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи и собра над 2,5 милиони прегледи.

Видеото наиде на критики од многу корисници кои го нарекоа расипничко прикажувањето на богатството и начинот да се расфрла со својот луксузен начин на живот. „Само оди на плажа или на базен? напишал еден корисник. „Ова е добро, но треба да донирате пари за сиромашните“, коментирал друг.

„Нема да биде долго милијардер со таква жена“, саркастично напишал трет корисник. „Подобро заштедете ги парите, инвестирајте“, предложил четвртиот.

Инфлуенсерката изјавила дека таа и нејзиниот сопруг планирале да го купат островот како инвестиција.

„Тоа беше нешто што сакавме да го направиме некое време како инвестициска стратегија и мојот сопруг сака да се чувствувам безбедно на плажата, па затоа и го купи“, рекла таа.

Соуди одбила да ја открие точната локација на островот поради приватност и безбедносни причини, но рече дека нејзиниот сопруг, Џамал, издвоил 50 милиони долари за имотот.

– Од причини на приватност не ја споделуваме точната локација, но таа е во Азија и чини 50 милиони долари, објаснила таа, а дел од островот може да се види во нејзиното видео.

Инфлуенсерката често споделува делови од нејзиниот раскошен начин на живот кој вклучува екстравагантни купувања, луксузни автомобили и првокласни искуства за патување до различни дестинации низ светот. Иако многумина ја критикуваа дека се фали со своето богатство, се чини, дека тоа не влијае на неа, пренесува NDTV.

Имено, таа со семејството се преселила во Дубаи кога имала шест години и го запознала сопругот Џамал ​​ал Надак, додека двајцата студирале на универзитет пред осум години. Во брак е со него во последните три години. Нивниот брак вклучува правила како што се нема пријатели од спротивниот пол, си ги знаат лозинките и секогаш нивната локација е достапна еден на друг.

РЕКЛАМИ: