„Медена земја“, документарниот филм на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за Оскар наградите и тоа во две категории – за документарни филмови и за странски филм.
Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што се кандидати за престижната награда.
92 -то доделување на наградите ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.
Нашиот филм е меѓу 15 остварувања кандидадти за најдобар документарен филм селектирани од 159-те пријавени во оваа категорија.
Нашиот филм овој месец беше меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019.
Во низата награди што ги доби овој месец е и признанието од „Њујорк тајмс“ за најдобар во 2019, две признанија на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес, најдобар документарец според њујоршките филмски критичари.