Home INFO Мелем од кантарион, совршена комбинација против стрии!

Мелем од кантарион, совршена комбинација против стрии!

реклама:Велигден со Стаф

Со векови кантарионот се смета за моќен природен лек.

Меѓу другите придобивки, неговата примена ветува и чиста кожа без видливи стрии.

Стриите донекаде се и лузни на твојата кожа, па треба особено труд за да се ослободите од нив. Особено важни се и препаратите против стрии кои се користат.

Еден од најефикасните препарати за превенција од стрии како и за нивно намалување е кантарионот.

Тој е состојка за многу народни лекови а во последно време се почесто се користи и во составот на фармацевските препарати.

Кантарионот е корисен не само за стрии, туку и воопшто зе целото тело. Оваа билка е вистински дар од природата, и доколку се запознаете со неговите моќи, ќе ви биде криво што не сте започнале порано да ги користите маслото од кантарион но и останатите производи кои во себе ја содржат оваа магичнна состојка.

Зошто кантарионот е толку популарен во борбата против стрии?

Кантарионот отсекогаш го привлекувал вниманието на билкарите, ботаничарите и на луѓето генерално. Уште во минатото луѓето го користеле за лечење на рани на кожата.

Ја омекнува и регенерира кожата, го успорува нејзиното стареење и ја прави многу поубава и помека.

Самиот состав на кантарионот е неверојатно добар:

  •  танини – делуваат антибактериски и ги опоравуваат крвните садови
  • смола – ја штити билката од инсекти , па со самото тоа, кога се употребува делува заштитнички и на кожата
  • етерични масла – хидрираат, регенерираат и ја омекнуваат кожата
  •  витамин Ц – антиоксиданс кој делува регенеративно на кожата и особено ги успорува знаците на стареење
  •  холин – важен е за еластичноста на кожата
  • флавонски хетерозиди- многу моќни антивирусни супстанци.

Освен за стриите, производите од кантарион се одлични во борбата против тврдиот целулит.

Со директно нанесување на масло или мелем од кантарион, очекувајте одлични резултати!

Досега не се забележани несакани дејства од нанесување на кантарион на кожата, но сепак пожелно е да се консултирате со лекар доколку имате осетлива кожа и кожа склона на алергии.

Она што е важно да се знае е дека кантарионот е фотосензитивен, па најдобро е да го нанесувате навечер, кога кожата не е изложена на сончеви зраци.

За здрава и сјајна кожа, користете масло од кантарион или мелем од кантарион.

Квалитетното масло од кантарион во себе содржи цветови од билката, набрани во незагадена средина и квалитетно ладно цедено маслиново масло.

Мелемот од кантарион пак во себе содржи кантарионово масло, надополнето со пчеличен восок и додаток на витамин Е, што го прави уште покорисен но и полесен за нанесување.

Како да ги користите маслото и мелемот против стрии?

Секоја вечер, со масло или мелем од кантарион масирајте ги местата каде што имате стрии. Кај некои девојки се видливи резултати веќе по две недели од користењето, па ова е причината што кантарионот за стрии станува особено популарен.

Но да не заборавиме дека секој е случај за себе, сите имаме различни типови на кожа. Исто така и стриите се различни, некои се подлабоки и постари па е потребно повеќе време за да се елиминираат.

Полесни за отстранување се оние помалите стрии со црвена боја, таканаречени ” млади стрии”.

ОВДЕ можете да нарачате масло или мелем од кантарион, изработени на традиционален начин, со сосема природни состојки.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------