Home INFO Милијардер бара осум лица кои бесплатно ќе патуваат до Месечината

Милијардер бара осум лица кои бесплатно ќе патуваат до Месечината

реклама:Велигден со Стаф

Јапонскиот милијардер Јусака Маезава покани осум лица да му се придружат на пат до Месечинат,а на летот на Илон Маск – SpaceX.

Очекува да му се придружат луѓе од различно потекло.

Јусака ќе плати за патувањето, така што оние што ќе се решат на тој чекор ќе летаат бесплатно. Мисијата треба да започне во 2023 година.

Кандидатите мора да исполнат два критериума, и тоа: да напредуваат во каква било активност во која се вклучуваат за да им помагаат на другите луѓе и на некој начин на општеството воопшто и да бидат подготвени да ги поддржат другите членови на екипажот кои имаат слични мисли.

Милијардерот Маезава, кој е колекционер на уметности, минатата година тој исто така бараше девојка да му се придружи на патувањето, пред да се откаже од планот поради „мешани чувства“.

Тој е прогласен за прв приватен патник на SpaceX, компанија во сопственост на Илон Маск, планира да патува околу Месечината.

Цената на билетот за патување во вселената не е објавена, но според Маск станува збор за „голема сума“.

Планирана за 2023 година, оваа мисија ќе биде првото лунарно човечко патување од 1972 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------