Home INFO Миовски: Ако сакаме да одиме на ЕП, мора да се победат големи...

Миовски: Ако сакаме да одиме на ЕП, мора да се победат големи репрезентации

149
реклама:Лето во Банско

Со четири бода во септемврискиот ФИФА „прозорец“, македонската фудбалска репрезентација ги обнови своите шанси за пласман на Европското првенство во Германија. Победата против Малтежаните на гостински терен беше очекувана, а очекуван е и расплетот во деведесетте минути во Ла Валета.

По средбата, својот став го изнесе нашиот главен напаѓач, Бојан Миовски.

„Секогаш кога ќе се даде рано гол со ваков противник е одлично. Натпреварот се отвори во петтата минута. Потоа сè беше рутински, заминавме со 2-0 на полувреме. Останавме со ист пристап до крајот на натпреварот, знаејќи дека резултатот е опасен. Имавме неколку шанси во финишот и за трет гол, ама во глобала сме задоволни со резултатот и трите бода.

Секогаш е тешко да се игра со кратка пауза. Имаме исто бодови со Украина и Италија. Ако сакаме да одиме на едно ЕП мора да се победат големи репрезентации. Тоа треба да го докажеме, така заслужено би се нашле на турнирот“, изјави асот на Абердин.

РЕКЛАМИ:Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------