Home INFO Морбидно: Жителите тврдат, духови го опседнуваат местото каде што загина Тоше

Морбидно: Жителите тврдат, духови го опседнуваат местото каде што загина Тоше

реклама:G Natural

Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац.

Неколку години подоцна, на истиот автопат, на оддалеченост од 60 километри од местото каде загина Тоше на сличен начин, во сообраќајна несреќа згасна и животот на позната хрватска актерка Долорес Ламбаша.

Исто беше октомври и беше 6:20 часот. И двајцата спиеле на совозоачкото седиште кога дошло до кобниот удар.

Жителите кои живеат во близизна на оваа делница сметаат дека тој пат е проколнат и за се ги обвинуваат подземните води и мрачните сили.

Токму на тоа место возачите се жалат на халуцинации и на необјасниви појави.

Еден од пострашните настани датира од 1978 година кога возач кај Нова Градишка видел перница со бебе. Нагло закочил и излетал од патот, а кога се наведнал да ја подигне, перницата со бебе исчезнала, пренесуваат хрватските медиуми.

На тој дел од патот на возачите им се покажувале и духови.

Небричен маж, во парталава облека кој води мал коњ впрегнат во старинска кола паралелно со автопатот е еден од духовите кој наводно возачите често го сретнуваат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------