Како што доаѓа датумот за почетокот на испораката на следната генерација конзоли, гејмерите се на врвот на исчекувањето и восхитот.
И пред самиот почеток на најавената продажба, побарувачката за PlayStation 5 конзолата е многу голема.
Според статистиките на продажба само во текот на првите 12 часа од почетокот на претпродажбата, PS5 моделот е продаден во повеќе примероци отколку што PlayStation 4 во текот на првите 12 недели.
Една о големите причини е секако глобалната пандемија за вака големата побарувачка за новата Sony конзола, но уредот располага со најнови технички унапредувања и подобрувања, како и ексклузивни игри што се нудат со PS5.
Извршниот директор на компанијата Sony Interactive Entertainment, Џим Рајан изјави дека постои голема веројатност дека сите оние кои сакаат да го купат PlayStation 5 на денот на објавата нема да можат истиот ден да ја пронајдат конзолата во продажба.