Sheep grazing in meadow. Carpathian mountains. Copy space
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Азил за животни во Западен Кејп, Јужноафриканската Република, нуди награда за информации за нивната овца Бенкси, која последен пат била видена на 1 февруари.

Овцата го добила името по познатиот британски уметник Бенкси, а станала славна поради своите слики, кои му носеле значителни приходи на азилот.

Иако на прв поглед звучи како шега, Бенкси навистина сликала – нејзините уметнички дела се документирани и веќе се продадени. Една од нејзините слики била продадена за 35.000 јужноафрикански ранди (околу 1.800 евра).

– Тоа неделно утро ни дојде семејство од Велика Британија кое сакаше да инвестира во уметноста. Но, Бенкси никаде ја немаше. Прво помисливме дека се крие, но подоцна ја алармиравме полицијата – соопштија од азилот.

Мистериозно исчезнување

Во обид да ја најде својата талентирана овца, азилот нуди награда од 1,2 милиони јужноафрикански ранди (околу 60.000 евра).

– Не знаеме дали станува збор за кражба или нечија злобна шега, но немаше никакви знаци на провала – велат од азилот.

Според нив, Бенкси не била обична овца, нејзиното исчезнување го доживуваат како загуба на член од семејството.

– Бенкси е единствената овца во светот што знае да слика – тврдат тие.

Полицијата во моментов истражува и можни кражби на добиток, но засега нема нови информации за судбината на оваа необична уметница.

РЕКЛАМИ: