Home INFO Научници од Исланд планираат да дупчат во вулкан

Научници од Исланд планираат да дупчат во вулкан

реклама:

Научници се подготвени да дупчат во внатрешната страна на вулкан во Исланд. Овој амбициозен проект на организацијата „Крафла магма тестбед“ има цел да го продлабочи научното разбирање за однесувањето на подземната магма и вулканските ерупции. Во исто време, научниците сакаат да ја искористат изобилната, чиста енергија од вулканот.

Потенцијал за големи научни сознанија, но и производство на енергија

Во почетокот на 21 век, при дупчење во близина на магматската комора на вулканот Крафла тимот ненамерно ја проби комората, откривајќи потенцијал за геотермална енергија, но екстремната топлина го направи натамошното дупчење неизводливо. Сега научниците се подготвени за нов обид. Уникатните карактеристики на Крафла даваат необична можност за пристап до комората на магмата и спроведување невидени експерименти.

– Ако сме во можност да влеземе во кората и да земеме примерок од магмата, тоа ќе ни даде многу информации – истакнува Хјалти Пал Инголфсон, кој е дел од организацијата, изразувајќи надеж за директни мерења на температурата, што е неистражена област во истражувањето на вулканите.

Проектот треба да се спроведе во 2026 година, а се очекува дупчењето да започне во 2028 година.

Научниците се надеваат дека ќе извлечат топла вода под висок притисок за производство на енергија. Магматската комора на Крафла би можела да понуди и вредни информации за формирањето на континенталната кора и да помогне во предвидувањето на ерупциите на слични вулкани.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------