Home INFO Не сака ни долар: Енрике Иглесиас се откажа од наследство вредно 800...

Не сака ни долар: Енрике Иглесиас се откажа од наследство вредно 800 милиони

реклама:G Natural

Енрике Иглесијас е син на најпознатиот шпански пејач Хулио Иглесијас.

Шпанските медиуми пренесоа дека Енрике се откажал од наследството на својот татко, кое е проценето на околу 800 милиони долари.

Според медиумите, таткото и синот долги години се во многу лоши односи. Ниту разговараат ниту пак се гледаат. Енрике својата музичка кариера ја изградил без апсолутно никаква помош од својот мега популарен татко.

Затоа, Енрике одлучил да го одбие наследството на кое има право како едно од осумте деца на Хулио.

Хулио има богатство во вредност од околу 800 милиони евра, па на Енрике би му припаднале дури 100 милиони, сума која воопшто не е занемарлива.

Хулио Иглесијас своето богатство делумно го заработи преку многу успешната пејачка кариера, но и со инвестирање во недвижнини во Доминиканска Република.

Сопственик e на вили во Мајами и на Бахами, има приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд вотка, винарска визба, ресторани, колекција на автомобили, акции во козметички компании и уште многу профитабилни бизниси.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------