АУДИО ВЕСТ:

| Getting your Trinity Audio player ready... |
Околу 3 часот по полноќ, најпознатиот српски јутјубер Бaка Прасe доживеа вистински шок кога неговиот автомобил Brabus, вреден околу 500.000 евра, изгоре на паркингот пред зграда во населбата Белград на вода. Јутјуберот пожарот го сними од својата тераса, а подоцна објави фотографии од целосно уништеното возило.
Бaка Прасe истакна дека смета дека пожарот е резултат на уцена:
Го запалија Brabus затоа што не сакав да платам рекет“, објави тој на Инстаграм.
Засега, полицијата го истражува случајот, а според неофицијални информации, пожарот бил подметнат.
Фановите веднаш почнаа да му даваат поддршка преку коментари на социјалните мрежи. Јутјуберот, како што се чини, добро ја контролира ситуацијата и не дозволува инцидентот да го наруши.
РЕКЛАМИ:






