Home INFO Неколку изговори да не го славите Денот на вљубените

Неколку изговори да не го славите Денот на вљубените

реклама:Велигден со Стаф

Денот на вљубените за некого претставува празник, но и можност со својот партнер/ка да поминат незаборавни моменти заедно.

Додека за други 14 февруари е само обичен ден во годината.

Без разлика дали сте во врска или не, ако спаѓате во групата луѓе кои не го прославуваат овој празник, еве четири изговори како да го избегнете.

Рестораните и кафулињата ќе бидат преполни

Зошто би се мачеле да барате место кога можете по дома да уживате во одличен оброк, чаша вино или кафе?

Потрошивте многу пари за празниците

Целата заштеда ја потрошивте во декември, па јануари и февруари се месеци кога морате да водите сметка за вашите финансии и каде ги трошите истите.

Постојат уште 364 дена за покажување љубов

Зошто само еден ден во годината да биде одреден за искажување на љубовта?

Ако љубовта не ја покажувате во останатите денови од годината, зошто тогаш 14 февруари мора да биде толку посебен?

Не се сите во врска

Сакате да се солидаризирате со пријателите кои не се во врска. Тие сигурно не сакаат да бидат опкружени со среќни и заљубени парови.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------