Секс скандалот со Јелена Карлеуша и фудбалерот Огнен Врањеш од ден во ден добива нови размери а конечната разврска ќе ја дознаеме штом завршат судските рочишта.
Повеќе од месец и половина во јавноста се појавија разни шпекулации и детали за наводната врска помеѓу Карлеуша и Врањеш, а јавноста како да е убедена дека постои и експлицитно видео кое би ја потврдило наводната афера.
“На интернет се појави и петиција Огнен да ја објави во јавноста секс снимката. Покрај експлицитните фотографии од Јелена Карлеуша, јавноста е известена дека некаде во лавиринтите постои видео снимка од Карлеуша со експлицитна содржина. Видеото постои а јавноста нестрпливо чека, но тоа чекање некако се оддолжи. Покрената е петиција со цел да се забрза процесот и видеото да излезе од својот лавиринт, пишува во петицијата која ја насмеа јавноста.